Регулаторната комисија за енергетика одлучи од понеделник цената на струјата во Македонија да се намали за 4,48%, наместо 5,24% колку што беше првичниот предлог. Корекцијата доаѓа по реакциите на енергетските компании кои завчера доставиле дополнителни документи што им ги побараа членовите на регулаторната комисија за енергетика за утврдување на максимален приход. Порталот "Курир" направи кратка анализа споредувајќи ги цените на струјата кои се користат за домаќинствата помеѓу балканските и европските држави и утврди дека најевтина е струјата во Македонија. Граѓаните на Република Македонија со новата цена од 3,6 денари за киловат-час, најмалку плаќаат за потрошена струја.
Регулаторната комисија за енергетика одлучи од понеделник цената на струјата во Македонија да се намали за 4,48%, наместо 5,24% колку што беше првичниот предлог.
Корекцијата доаѓа по реакциите на енергетските компании кои завчера доставиле дополнителни документи што им ги побараа членовите на регулаторната комисија за енергетика за утврдување на максимален приход. Порталот "Курир" направи кратка анализа споредувајќи ги цените на струјата кои се користат за домаќинствата помеѓу балканските и европските држави и утврди дека најевтина е струјата во Македонија.
Граѓаните на Република Македонија со новата цена од 3,6 денари за киловат-час, најмалку плаќаат за потрошена струја. Словенците плаќаат највисока цена на струјата или 7,3 денари за киловат-час, веднаш зад нив се Турците кои плаќаат 6,96 денари за киловат-час, па Грците со 6,71 денари за киловат-час. Веднаш зад нив на четвртото место се Хрватите кои плаќаат 6,55 денари, нешто помалку плаќаат Албанците - 5,52 денари, Србите околу 5 денари, па Црногорците кои плаќаат 4,78 денари, а Бугарите плаќаат 4,52 денари за киловат-час. Граѓаните на БиХ плаќаат нешто малку повеќе од македонските граѓани или 3,8 денари за киловат/час.
Во Европа, највисоката цена на струјата плаќаат Данците со 14,07 денари, а веднаш зад нив се жителите на Кипар (13,77 денари за киловат/час). Во Германија еден киловат-час чини 12,67 денари, а во Белгија е 10,52 денари.